Трикратната олимписка шампионка во ски-трчање, Марит Бјорген, била хоспитализирана поради аритмија на срцето.
По направените испитувања, Бјорген, била пуштена од болницата, но таа во следните три дена ќе биде под лекарски надзор.
Норвежанката добила дозвола од лекарите дека може да продолжи со тренинзите.
Бјорген ќе ги пропушти првите трки во новата сезона во Светскиот куп, кои ќе започнат на 29. декември во германскиот Оберздорф.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: