Вонземјанин пронајден во гробница стара 1.000 години? (Фото)

Чудна форма на череп, за која се смета дека е дел од вонземјанин, кој пред 1.000 години ја посетил нашата планета е пронајден во гробница во Мексико, известуваат тамошните медиуми. 

Оваа горбница е стара 1.000 години, а била откриена од деца кои си играле околу тоа место. Откривање на необични черепи и други делови од тело, станаа доста честа појава во Централна Америка, каде што истражувањата покажуваат дека постојат докази на вонземјани кои доста “често“ ја посетувале оваа територија. 

По пронаоѓањето на чудниот череп за кој се смета дека е од вонземјанин, пронајдени се и други останки од човеково тело, за кои се смета дека се од вкупно 25 луѓе, на кои им бил извршен погреб во оваа гробница. Исто така, дел од останките се деформирани и треба да се направат дополнителни истражувања за да се воспостави дали се од човек, животно или пак вонземјанин. 

“Деформацијата на черепите и другите останки може да се резултат од различните ритуали на различни општества и народи од минатото, кои биле честа практика по нивната смрт. Потребно е да се истражува, пред да се донесат крајните заклучоци, дали черепите се од вонземјани или сепак се од луѓе“, изјави Кристина Гарсија Морено, археолог на државниот универзитет во Аризона. 

Во следниот период истражувачите ќе треба да ја утврдат големината на гробницата и да побараат одговори на неколку прашања поврзани со обичаите на општеството кое пред 1.000 години живеело на оваа територија. 

 

Тие се надеваат дека сепак ќе дојдат до необични резултати, кои ќе покажат дека останките и черепите се на вонземјани и конечно ќе докажат дека земјата ја посетиле вонземјани во минатото. 

 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: