Коби Брајант успеа за 15 минути да постигне 68 поени

Loading...

Иако еден од најдобрите кошаркари на Лејкерси, Брајант не требаше да настапи на натпреварот  во кинескиот град Шангај, навивачите и соиграчите го натераа да излезе на паркетот.

Натпреварот кој се одигра минатата недела беше хуманитарен и во него учествуваа познати актери и пејачи.

Коби на теренот влезе кога неговито тим губеше со разлика од 29 поени и за само 15 минути успеа да постигне 68 поени.

Тој на својот Фејсбук профил изјави: ,,Првото полувреме го гледав од клупата, а по завршувањето губевме 29 разлика. Сакав да бидам ,,кул'' и да не играм воопшто, но си реков во себе, па зошто да не? Спортската сала беше преполна, навивачите ме повикуваа на теренот, таму играа актери и пејачи кои се одлични во својата професија, но воопшто не играат кошарка, вторите 15 минути ги сфатив како тренинг и само трчав и трчав. На крајот уфрлив 68 поени, но сето тоа беше забава. Драго ми е што гледачите уживаа во шоуто, се надевам дека ќе им се исплатат парите заработени од продажбата на влезници''.

 

 

loading...
Loading...