Чавез се чувствува подобро, но останува на Куба

Здравствената состојба на венецуелскиот претседател Хуго Чавез е подобрено, но и натаму му се препорачува целосно мирување по операцијата која пред две седмици беше подвргнат на Куба поради канцер, соопшти во понеделникот владата на Венецуела.

„Состојбата на пациентот малку е подобрена и покажува позитивна тенденција“, изјави венецуелскиот министер за комуникации и информирање Ернесто Вилегас кој за државната радио-телевизиска мрежа го прочита извештајот за здравствената состојба на претседателот Хуго Чавез, пренесува AFP.
„Чавез се придржува до упатствата за целосно мирување кои му ги препиша лекарскиот тим кој се грижи за него“, додаде министерот во име на претседателот и им го честиташе Божик на граѓаните на Венецуела.
Пред две седмици Чавез беше подвргнат на уште една тешка операција во кубанската престолнина Хавана  по рецидивот на ракот кој му беше дијагностициран во 2011 година. Според агенциите, Чавез повеќе од една седмица не станува од болничката постела откако по операцијата доби инфекција на дишните патишта.
Чавез на 10-ти јануари треба да ја положи заклетвата за неговиот трет претседателски мандат, но се отвори дебата што доколку тој не биде во можност да го направи тоа.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: