Најстарата горила наполни 56 години

Најстарата горила, која е дел од зоолошката градина во централен Охајо, наполни 56 години. 

Нејзиното име е Коло и таа е една од најмирните животни во зоолошката градина. Родена е во зоолошката градина во Колумбо, а во Охајо е префрлена во 1956-тата година. 

Вработените во зоолошката и приредија на Коло мала забава со торта и роденденски украси во нејзиниот кафез.

 

Гостите во зоолошката беа воодушевени од гледката како Коло си игра со роденденските украси и ја јаде својата роденденска торта. Тие ја поздравија пеејќи ја  “Happy Birthday.”

 

Коло е мајка на три деца. Нејзиното семејство вклучува повеќе од две поколенија кои живеат во зоолошките градини низ целата земја.

 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: