Почина актерот Чарлс Дарнинг

Американскиот актер Чарлс Дарнинг, кој двапати беше номиниран за Оскар, почина во 90-тата година од животот во Њујорк, јави AP.

Дарнинг беше нарекуван крал на карактерните ролји, затоа што беше во состојба да ги игра сите улоги, од нацистички полковник до папа.
Најпознатата негова улога е корумпиран гувернер во „На најдобрата јавна куќа во Тексас“, која му донесе и номинација за Оскар за споредна улога во 1983 година.
Следната година повторно беше номиниран во иста категорија за улогата во комедијата на Мел Брукс „Да се биде или не“.
За време на долгата кариера, Дарнинг глумеше во филмовите „Песјо попладне“, „Тутси“, „Дик Трејси“, „Насловна страница“ и други.
„Никогаш не сум одбил улога, ниту сум се расправал со продуцент и режисер“, изјави Дарнинг своевремено.
Во јуни 1944 година, Дарнинг бил единствен војник од неговата единица кој преживеал при истоварувањето на Нормандија, но бил ранет во ногата. Подоцна со бајонет го ранил германски војник, кого го убил со камен.
Дарнинг бил заробен во битката во Ардените, и преживеал масакр на заробениците, но одбиваше да говори за војната, иако е одликуван со Сребрена ѕвезда, еден од најзначајните американски ордени.
„Премногу грди спомени. Не сакам да ме видите како плачам“, рече Дарнинг во 1997 година.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: