Капитенот Лазаров и се приклучи на репрезентацијата

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, во вторникот, се приклучи на подготовките на националниот тим во Пореч.

Лазаров, ден по финалето на шпанскиот Куп, во кој Атлетико загуби од Барселона, пристигна во Македонија, тој доби два дена од селекторот да ги посети најблиските.
Македонија в петок во Пореч, ќе го одигра првиот од трите предвидени контролни натпревари, противник на ’црвено-жолтите’ ќе биде селекцијата на Саудиска Арабија, која исто така ќе учествува на Светското првенство.
Капитенот на репрезентацијата оваа година има одиграно 73 натпревари, а мечот со Саудиска Арабија ќе му биде 18-ти во националниот тим во 2012 година.
По овој натпревар репрезентацијата ќе се врати во Скопје, подготовките ќе продолжат на 2. јануари, Македонија до заминувањето за Шпанија ќе одигра уште две контролни средби со Египет и Србија, на 4 и 5.јануари во Ниш.
Пет дена подоцна преку Софија нашата делегација патува за Андалузија за третото учество на едно Светско првенство.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: