САД сакаат да ја формираат војската на Косово, која би можела во скоро време да се приклучи на НАТО, пишува американскиот воен портал „ Stars and Stripes“.
Речиси пет години откако Косово прогласи независност, големите играчи на меѓународната сцена го охрабруваат Косово да почне самото да чекори.
Еден од првите чекори на Косово, како што наведува порталот, би можело да биде правење на мала армија од моментално 2.500 луѓе од цивилните безбедносни сили.
„Ова е тешка задача за младата нација која сè уште нема обезбедено целосно меѓународно признавање и уште е тешко вознемирувана од страна на своите северни соседи од Србија, од која прогласија независност во 2008 година“, пишува во текстот на американскиот воен портал.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: