Нема привилегија: Сека Алексиќ претресена на аеродром!

Светлана Алексиќ отпатува вчера во Австралија, на турнеа во која ќе настапи во најпопуларните дискотеки.

Поради големиот интерес, картите за новогодишниот концерт во Мелбурн на големо се распродадени, како и за настапот во Перт. Алексиќ подготвила бројни изненадување за фановите кои ја сакаат и ја дочекуваат со раширени раце. Но и неа ја дочека изненадување на белградскиот аеродром „Никола Тесла“. Целосно беше облечена во летна кардероба затоа што во “земјата на кенгурите“ сега се високи темпеатурите, но кога дојде на царинската контрола – едвај ја пуштија да оди во авион. Скенерот постојано свиреше, а Сека повеќе пати се враќаше и соблекуваше полека се од себе на што имаше метал.

На крајот мораше да ги соблече сандалите и да ги извади обетките, па така боса успеа да помине.

 

Сека и нејзиниот сопруг Вељко Пиљикиќ од Белград ги пратеа фановите, кои на пејачката и подарија букет свеќе. Во Сиднеј ја очекува апартман од 120 квадрати на 27-ми спрат со поглед кон операта во Сиднеј.

Пронајдете не на следниве мрежи: