Во знак на протест новогодишна елка на дно на езеро (Видео)

Новогодишна елка беше поставена на дното на езерцето во паркот „Хутово блато“ во Босна и Херцеговина. На овој начин шумската служба одлучила да ги одбележи новогодишните и божиќните празници како и да упати на тоа дека опстанокот на овој парк е под знак прашалник заради негрижа.

Оттаму тврдат дека чуварите не работеле одреден период, а сега работат во помал број. Ситуацијата според нив е загрижувачка и заради недостигот на финансии. Се надеваат дека на овој начин ќе ги привлечат вниманието на одговорните со цел да се спречи уништување на овој препознатлив знак на БиХ.

 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: