Откриено зошто Мурињо го остави Касиљас на клупата

Одлуката да се остави на клупата Икер Касиљас, капитенот и иконата на Реал Мадрид е порака до челниците на „кралскиот“ клуб.

Имено, Мурињо тврди дека Реал ја плаќа цената затоа што од врвот не му дозволиле во летниот преоден рок да донесе уште еден моќен голман, како Реал би немал проблеми во случај на повреда на Касиљас или по неговото пензионирање.

Со оваа постапка, како што тврдат од „Марка“, медиум близок до клубот, Мурињо сака да му испрати порака на претседателот на клубот, Флорентино Перез, дека Реал мора да мисли на иднината, а со тоа и на наследник на неверојатниот Касиљас.

Од „Марка“ исто така потенцираат дека челниците се лути за поразот од Малага но решиле повеќе да не се мешаат во одлуките на Португалецот без оглед на тоа колку се истите чудни.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: