Незапаметена „треска“ по оружје во САД

Продажбата на оружје во Соединетите Американски Држави драстично расте по масакрот во училиштето во Конектикат, што дури и најголемите светски добавувач за муниција едвај успева да ја задоволи побарувачката.

Компанијата „Brownells“ им се извини на муштериите, бидејќи во последните три дена е забележана незапаметена побарувачка за поголеми рамки за полу-автоматската пушка AR-15.
Во соопштението на претседателот на компанијата Пит Браунел се наведува дека за 72 часа била продадена тригодишната залиха на рамките за голем капацитет и дека „сите вработени работата како луди за да одговорат на нарачките“.
Браунел додаде дека од ден во ден од добавувачите пристигнуваат дополнителни материјали за изработка на рамки и муниција.
До ваква „треска“ по оружје дојде откако се појавија информациите дека американските власти ќе ограничат продажба на оружје и воена опрема, по жестокиот притисок на јавноста да се преиспита контролата на продажба на оружје по зачестените трагедии.
Пушката AR-15 ја користеше убиецот кој застрела 20 деца и чест возрасни во масакрот во Њутаун.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: