Просечната нето исплатена плата во Србија во ноември изнесувала 42.395 динари (375 евра), што во однос на истиот месец лани е зголемена номинално за 10,5 отсто, но реално е помала за 1,3 отсто.
Просечната бруто исплатена плата во ноември во Србија била 58.914 динари (520 евра), што е номинално за 9,1 отсто повеќе во однос за лани, а реално е поголема за 2,0 отсто.
Во периодот јануари-ноември, просечната нето заработувачка во Србија номинално е зголемена за 9,1 отсто, а реално за 2,2 отсто во однос на истиот месец лани.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: