Иако долго време беше поврзуван со гигантите од Манчестер, Весли Снајдер по се изгледа ќе се пресели во Лондон, во тимот на Тотенхем. Ценетиот италијански новинар, Танкреди Палмери, тврди дека Весли Снајдер би можел во зимскиот преоден рок да замине од Интер и да се придружи во елитното англиско натпреварување.
Според него Снајдер се радува на ваквиот трасфер пред се заради можноста да се проба себе си во Премиер лигата, што е негова долгогодишна желба.
Меѓутоа, дали овој трансфер навистина се планира или ова е само игра на неговите агенти со цел да го привлечат вниманието на другите големи клубови, останува да видиме.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: