Шалке заинтересиран за Снајдер

Иако Весли Снајдер, наводно постигнал договор со Тотенхем, трансферот во премиерлигата според последните информации би можел да пропадне поради Шалке.

Имено, како што е соопштено денес, Весли Снајдер дефинитивно го напушта Интер, за неговите услуги интерес покажа Тотенхем кој неофицијално веќе потпишал договор со Холанѓанецот.

Сепак, како што пренесуваат германските медиуми, се шпекулира дека целата работа со Тотенхем може да ја расипе екипата на Шалке која мошне сериозно влегла во трка за ангажман за Весли Снајдер.

Имено, Шалке наводно стапил во контакт со Весли Снајдер, но не се наведува што и дали е нешто воопшто договорено.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: