Јуве спремен да одвои 45 милиони евра за Снајдер

Loading...

Англискиот Премиерлигаш Тотенхем може во зимскиот преоден трансфер-период да добие големо засилување во Весли Снајдер, кој како што пренесува „ЕСПН“ се согласил на условите кои му ги понудиле челниците на Тотенхем.

Холанѓанецот не е дел од првиот тим на екипата на Интер веќе цели три месеци. Тренерот на Интер, Андреа Страмачиони тврди дека тоа било тактички потег, додека сите останати веруваат во теоријата да не игра поради тоа што не потпиша нов договор, но со скратени примања.

Според најновите информации кои ги пренесуваат италијанските медиуми, се шпекулира дека екипата на Јувентус е спремна да одвои 45 милиони евра за ангажман на Весли Снајдер.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

loading...