Реал може да го продаде Роналдо…НО ЗА 145 МИЛИОНИ ЕВРА

Португалскиот интернационалец од редовите на Реал Мадрид, Кристиано Роналдо, би можел да се врати во Манчестер Јуанјтед, пренесува таблоидот „Сан“.

Кристиано Роналдо се враќа во Манчестер Јунајтед. Приказната која до неодамна изгледаше невозможна, добива се поголеми димензии.

Секако, доколку сакате да верувате во британскиот таблоид кој често знае да излета со вакви сензации, но исто така често знаат да бидат и во право.

„Сан“ пренесува дека враќањето на Роналдо во Премиерлигата е реална приказна иако Роналдо има уште две години договор со Реал Мадрид.

Таблоидот „Сан“ оди до таму што и пренесува дека договорена е и висината на оштетата, а се шпекулира дека тоа е неверојатни 145 милиони евра.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: