Шамак во Јуве

Италијанските медиуми пренесуваат дека шампионот на Италија може да го ангажира напаѓачот на Арсенал, Маруан Шамак.

„Бјанконерите“ по секоја цена сакаат да доведат напаѓач во своите редови во јануарскиот преоден трансфер-период, бидејќи Никлас Бендтнер е повреден.

Како потенцијални засилувања се наведуваат Дидиер Дрогба, Емануел Адебајор и Флокари, а на оваа листа додаден е и Маруан Шамак.

Мароканскиот напаѓач е во втор план кај Арсен Венгер, и изрази желба да се испроба во Серија А. Ова лето Фиорентина се обиде да го ангажира, но безуспешно.

За поранешниот голгетер на Бордо се интересира и Интер, но се чини дека Јувентус е конкурентен.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: