Еве уште еден доказ за демократијата која што ја предлага опозицијата. Дека нервозата е се поголема и поголема поради долгиот период поминат во опозиција, докажува и недоличното однесување на еден од подржувачите на Бранко Црвенковски. Тој на вчерашната блокада на Рекорд нападна недолжен постар господин и тоа пред камерите.
Целта на недолжниот пензионер беше да ги праша лидерите на опозицијата зошто сега ова и е потребно на Македонија, но наместо одговор најпрво беше повлечен од страна на еден поддржувач на опозицијата, а потоа нападнат со шлаканици и боксови. Како што можете да видите и на видеото, откако пензионерот беше нападнат ниеден човек од толпата не пристапи да му помогне и да го одбрани. Затоа во овие моменти би сакале да прашаме, дали е ова таа демократија која што ја пропагира опозицијата и дали е ова начинот на кој што опозицијата сака да се однесува према пензионерите.
Очигледно дека пробивањето на полицискиот кордон на Црвенковски и инцидентите на пратениците даде порака до членството на СДСМ кое се охрабри и почна да тепа недолжни граѓани.
Пронајдете не на следниве мрежи: