По Ештон и Вито, Деми Мур повторно со млад дечко!

Loading...

 

Очигледно нејзиниот вкус за мажи е: млад, млад, згоден и млад, па така 50 годишната актерка не сака воопшто да се правда за нејзиниот избор на мажи.

Откако беше 7 години во брак со 16 години помладиот Ештон Качер, Деми Мур ја продолжи својата фаза на „млади мажи.“ Откако се разведе од моментално најплатениот актер на денешницата, Деми Мур започна да се забавува по дискотеки, ноќни клубови и забави, на начин кој не би им прилегал ниту на нејзините 20 и нешто годишни ќерки.

Во изминатата година, Деми почна кратка афера со трговецот Вито Шнабл, но тој ја раскина нивната врска после само неколку месеци под изговорот дека Деми е премногу дива за него.

И кога мислевме дека актерката конечно малку ќе се смири и ќе се посвети на своето семејство, таа изненадува со нов дечко!

Пријатели блиски на Деми веќе некое време известуваат за повторно ново младо момче во нејзиниот живот, кој по се изгледа дека не е вмешан во шоу бизнисот и Холивуд.

Тој е непознат за јавноста, а конечно добивме шанса и да го видиме како изгледа. Што друго да кажеме освен: Браво Деми!

 

 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

 

loading...