Републиканскиот претседателски кандидат Мит Ромни кон крајот на јули располагала со 60 милиони долари повеќе отколку актуелниот американски претседател Барак Обама за изборната кампања, покажуваат податоците објавени во вторникот.
Според месечниот извештај на комисијата за кампањата на Барак Обама, кој во понеделникот навечер е испратен на американската Сојузна комисија за избори (FEC), сегашниот претседател и демократски претседателски кандидат кон крајот на јули можел да смета на околу 124 милиони долари, распоредени меѓу изборниот штаб и неговата Демократска партија.
Неговиот републикански противник Мит Ромни во истиот период имал на располагање за 50 отсто поголема сума, или околу 186 милиони долари, наведува неговиот изборен штаб на почетокот од август.
Заостанувањето на Обама произлегува од фактот дека Ромни го надмина во последните три месеца во собирањето донации, но и од големата потрошувачка на демократите на телевизиските огласувања.
Само во текот на последниот викенд Ромни добил седум милиони долари од приватни донатори во сојузната држава Масачусетст, каде што тој беше гувернер, но која редовно го бира демократскиот кандидат на изброите.
Пронајдете не на следниве мрежи: