Поранешниот претседател Буш, Божик го помина в болница

Поранешниот претседател на САД, Џорџ В. Буш, го помина Божик во болница во Хјустон  со неговата сопруга, Барбара, и други роднини, кои му донесоа специјален божиќен ручек.

Синот на Буш, Нил, со неговата сопруга го посетиле во вторникот, а и неговите внуци планирале да го посетат, вели Џим МекГрат, портпарол Буш во Хјустон.
Буш (88), во болница е од 23 ноември, со долготрајна кашлица, а портпаролот на болницата рекол дека тој ќе биде пуштен дома за Божик, но последните денови развил треска со висока температура, па престојот во болница бил продолжен.
Докторите се претпазливи ,  но оптимисти дека Буш ќе закрепне, но сакаат да го задржат во болница додека не ја врати силата и не му се избалансираат медикаментите, вели МекГрат.
На Божик, семејството Буш вообичаено вечера во Gigi's Asian Bistro во Хјустон, но оваа година, решиле да нарачаат храна и сите заедно да јадат во болницата со Џорџ Буш.
Поранешниот претседател постојано го посетуваат неговите најблиски, меѓу кои двајцата негови синови, поранешниот претседател Џорџ Буш и Џеб Буш, поранешен гувернер на Флорида.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: