Пуштена во сообраќај најдолгата брза железничка линија во светот

Најдолгата брза пруга во светот во среда е пуштена во сообраќај во Кина, а го поврзува Пекинг со големиот економски центар на југот на државата Гунгџу.

Пругата е долга 2.298 километри, а тоа растојание ќе се поминува за осум часа, што е за 14 часа побрзо од досегашното време.
Сите кинески медиуми ја објавија информацијата за најдолгата брза железничка линија на светот, а се истакнува дека возовите ќе достигаат брзина од 300 километри на час.
Кина брзата пруга започна да ја гради пред пет години и до 2010 година веќе беа изградени 8.358 километри пруга.
Според планот за развој, во Кина до 2020 година би требало да бидат во функција најмалку 16.000 километри брзи пруги.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: