Опсесијата на нашата генерација со материјализмот е толку голема, што ќе има застрашувачко влијание на многу идни генерации. Им дадовме вредност на работи кои немаат никаква вистинска важност и повеќе сме загрижени за нешта кои би требало да ги поседуваме, отколку што е потребно за да ги добиеме.
Нема ништо погрешно во тоа да посакуваме да живееме луксузен живот и да имаме екстравагантен животен стил. Проблемот доаѓа кога има луѓе кои ги посакуваат овие нешта, но се премногу мрзеливи да вложат напор за да ги добијат. Она што многу од луѓето не го разбираат е дека ако живееш живот во кој возиш брзи и јаки колку и имаш голема куќа, мора да работиш повеќе од она што можеш да си го замислиш. Познато е дека парите не растат на дрво и не постои причина за човек да мисли дека е доволно паметен и може сето тоа да го добие само со обичен план, без напорна работа. Парите се само бонус за трудот, никогаш не се примарната цел. Треба да имате цел и сон. Тогаш парите и нема да ви бидат најважното нешто, туку ќе почнете да ја употребувате својата страст за креирање на работата од вашите соништа.
Материјализмот промовира алчност, себичност, љубомора, чувство на безнадежност итн. Преовладува незнаењето, наместо моралноста и етиката. Нашиот свет стана брутално место, каде што сите станавме робови на материјализмот. Запамтете, материјализмот не бара напорна работа, го бара најкраткиот пат до добивање на нештото, а без напорна работа, нема успех.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: