Шинзо Абе во средата е избран за премиер од јапонскиот парламент, откако неговата Либерална партија освои огромно мнозинство на предвремените парламентарни избори минатата недела.
Опишан како „јастреб” во дипломатијата, за 58-годишниот Шинзо Абе гласаа 328 пратеници од вкупно 478. Тој по втор пат ќе ја предводи владата на земјата, која, пак, за разлика од претходниот мандат во 2006-2007 година, е со ослабена економија заради општата криза и со деградирани дипломатски односи, особено со Кина.
Абе официјално ќе ја преземе премиерската функција по гласањето во Сенатот и по одобрувањето од императорот Акихито.
Дури и да не добие мнозинство во Горниот дом на парламентот, клучно ќе биде гласањето во Домот на делегатите.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: