Најчесто оние кои се сами, без партнер покрај себе наоѓаат милиони причини кои ќе ги оправдаат зошто до сега не решиле да дадат шанса на некој и да се впуштат во сериозна врска.
Но, колку и изговори да барате, вашиот страв од посветенсот и врска може да се објасни во една реченица – вие не сакате промени!
Најчесто луѓето кои не се во сериозна врска велат дека се уште не го нашле “вистинскиот“. Вискитнски не постои. Секој е потенцијален вистински доколку му се даде шанса да се покаже и доколку го пуштите да влезе во вашиот живот и да биде дел од него.
Не е потребно да се плашите од иднината и од тоа дали ќе го смените начинот на живот доколку сте во врска, дали ќе бидете вие тие повредените на крајот, кога ќе дојде крајот на врската, дали заслужува да се трудите за него/неа…
Сите овие и многу други прашања, се оние кои не плашат да се впуштиме во нова авантура која ќе не натера да почувствуваме и искусиме нови работи, како љубов, милување, сигурност.
Како би откриле дали се плашите од врска? Еве неколку знаци кои покажуваат дека чувствувате страв за кој можеби сеуште не сте свесни и на кој треба да поработите за да можете да си дадете шанса на себе, а и на личноста која решила да ве освои.
1. Еден живот.Една личност
Дали сте се запрашале себе си каков би ви бил животот доколку сте сами? Дали ќе ви недостига прегратка, бакнеж или “те сакам“ од личност која може да ви го овозможи сето тоа и да ви го направи остатокот од животот уште поубав по посреќен?
2. Страв од крајот на врската
Зошто да мислите и да се плашите од крајот, кога сеуште не го знаете почетокот? Точно е дека никој не може да ви вети дека со сигурност ќе имате среќен крај, но вреди да се обидете и да ризикувате. Кој ризикувал, со сигурност добивал, а крајот може да зависи само до вас.
3. Недостаток на сексуална разновидност
Првиот пат кога имате секс е секогаш страшен. Но, со тек на време сексот може да станува прилично монотон и провиден. Сепак, тоа не значи дека вие треба да останете сами и да не се обидете да внесете свежина во вашата спална. Обидете се да бидете диви и кренете го вашиот сексуален живот на високо ниво.
4. Многу работи кои сакате да ги постигнете
Посветеноста кон партнерот/ка, може да ве исплаши од помислата дека може да ве држи назад во исполнување на вашите соништа и цели. Но, дали воопшто има причина за такво размислување? Зарем не сте во состојба да се посветите на вашите цели и соништа и истовремено да уживате во вашата љубов?
5. Имате план
Имате план кој има рок до кога треба да биде исполнет. Понекогаш мислиме дека ако си додадеме уште некоја “обврска“ во животот може да ни попречи во исполнување на првичниот план. Не треба да се плашите од остварување на вашите планови заедно со уште една личност покрај себе. Таа личност може само дополнително да ви помогне.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: