Лошите особини на хороскопските знаци! Обавезно четиво

Секој хороскопски знак си има свои лоши особини и карактеристики, кои се прикажуваат во одредени моменти во поголема или помала мера. Ако не знаете како другите ги гледаат вашите особини – време е да откриете.

ОВЕН
Сурови, арогантни и себични. Секогаш мора да бидат шефови и главни во се. И цел свет да се сврти против нив, тие и понатаму ќе тврдат дека сите сме луѓе, а само тие се паметни и секогаш во право.

БИК
Самозадоволни, молчаливи и досадни. Тие се во состојба да јадат од утро до мрак и да не се помрднат од фотелјата која веќе во голема мера ја трпи големината на нивниот голем задник.

БЛИЗНАЦИ
Можат да озборуваат со часови. Дволични, се менуваат како што ќе дувне ветре, тешко е да им се верува.

РАК
Посесивни и мазохисти. Некогаш знаат да дигнат паника ако не им посакате добро утро со правилна интонација на гласот. Менуваат расположение како што ќе им падне на памет – од депресија до хистерија.

ЛАВ
Арогантни, препотентни. Другите ги гледаат од високо. Можат цел ден да поминат пред огледало. Имаа големи идеи и планови кои на крај им користат само на нив, затоа што, нормално не се грижат за другите.

ДЕВИЦА
Премногу бараа, вечно незадоволни и напорни. Ни премногу не им е доволно. Од стрес се ослободуваат со чистење на стан, кинески порцелан и рачно собирање на ѓубрето од подот.

ВАГА
Се замислуваат како добротвори кои не можат ни себе да си помогнат, а не на другите. Им треба недела-дена да се одлучат дали да нарачаат „кока-кола“ или „пепси“. Толку се бавни што ни земјотрес нема да ги натера да станат од кревет.

СКОРПИЈА
Саможиви, перверзни, автодеструктивни. Својата мака не можат сами да ја поднесат, па со нив повлекуваат повеќе луѓе.

СТРЕЛЕЦ
Најголеми коцкари и расипикуќа. Можат да бидат многу ентузијасти, што станување од мртвите и телепортација на Марс, е сосема возможно за нив. Се ужаснуваат од помислата да признаат на други кога им е тешко и на сите им солат памет.

ЈАРЕЦ
Вистински садисти. Зборот „извини“ не постои во нивниот речник, затоа што мислат дека никогаш не грешат. Ќе ја продадат и душата за својот углед и материјална корист.

ВОДОЛИЈА
Вулгарни, непристојни паметниковци кои секогаш се знаат и го буткаат носот во туѓите животи. Квазифилозофи кои се секогаш спремни да даваат совети и планови за другите, но своите сопствени не умеат да ги остварат.

РИБИ
Обожаваат да се самосожалуваат. Можат и по цел ден да се жалат, чекајќи некој да дојде и да ги утеши. Кога ќе излезат од депресија, го исполнуваат времето помагајќи им на другите, а потоа повторно паѓаат во депресија – се така во круг.

Пронајдете не на следниве мрежи: