Милито: Снајдер е важен дел од историјата на Интер

Соиграчот на холанѓанецот од екипата на Интер признава дека Весли Снајдер како играч има голем допринос во пишувањето на страниците на богатата историја на Интер.

Додека во јавноста се шпекулира околу тоа дали Весли Снајдер ќе си оди од Интер, за својот соиграч големи пофалби упати Диего Милито.

„Снајдер помогна да се испише историјата, богатата историја на клубот и сите играчи го почитуваат и го ценат“ изјави Милито кој не сака да влегува во приказната околу трансферот на Снајдер.

„На Снајдер останува сам да одбере пат по кој ќе сака да тргне“ беше коментарот на Диего Милито.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: