Венгер во јануари ќе купува „испробани фудбалери“

Иако е под голем притисок во клубот по лошиот старт на сезоната, французинот вели дека купува само доколку се укаже прилика да доведе некој добар квалитетен играч.

Арсен Венгер, тренерот на англискиот премиерлигаш Арсенал, тврди дека воопшто не е нервозен и дека нема да издвојува пари во јануари толку лесно.

„Нема да купуваме само да го пополниме бројот. Во конкуренција ќе влезат единствено играчи кои се способни да го одведат тимот на повисоко ниво“ изјави Венгер.

Притоа, французинот додаде…

„Го добивме натпреварот со Виган и покрај лошата игра во нападот, едноставно имавме поголема желба, тоа е патот“ додаде Арсен Венгер.

Тимот на Арсенал заостанува дури 13 бодови зад Јунајтед и оваа сезона претрпе четири порази.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: