Првото возило го влечело девет метри, а другото го прегазило 11 секунди потоа. Ејприл, мајката на прегазениот Томас Прајс, апелира возачите да се пријават во полиција!
Полицијата во Лос Анџелес, во Калифорнија, истражува несреќа во која две различни возила го удриле Томас Прајс (22). Двајцата возачи избегале од местото на несреќата.
Томас, кој сакал еден ден да стане пожарникар, автомобили го удриле на 2-ри декември во 02:15 часот наутро. полицијата најпрво мислела дека во несреќата учествувало само едно возило, но на снимките кои се пуштени во јавност, се гледа како го удриле две возила.
Првото возило го влечело девет метри, а другото го прегазило 11 секунди потоа. Самохраната мајка на Томас апелира возачите кои го прегазија нејзиниот син да се јават во локалната полиција.
Пронајдете не на следниве мрежи: