Божиќните филмови отсекогаш биле основа за празничната сезона. Има исто толку добри филмови, колку што има и лоши, но во духот на празниците, ќе се задржиме на оние добрите.
1. Елф – едед од најдобрите божиќни класици, во кој еден човек кој е пораснат со Елф во Северниот пол, патува до Њујорк за да го пронајде својот биолошки татко.
2. Чудо на 34-та улица – дали ќе ја изберете верзијата од 1947 или 1994 година, оваа класика е се што би посакале во еден топол божиќен филм – на еден неверник, во случајов едно слатко девојче и се остварува сонот кога ќе открие дека еден конкретен Дедо Мраз можеби е вистинскиот.
3. Божиќна приказна – пуштен во кино салите во 1983 година, овој филм инстантно стана врвна класика, додека сеуште играше во театрите. Морате да го гледате – особено ако некогаш сте ги молеле вашите родители да ви подарат пушка за божиќ.
4. Кошмар пред Божиќ – еден од набрилијантните дела на Тим Бартон за Џек Скелингтон (кралот на Халовин), кој го открива Божиќ, но не го разбира баш концептот што е она што го прави овој празник посебен.
5. Тоа е прекрасен живот – спремете се да се исплачете до крај. Веројатно најдобриот филм на сите времиња, приказна за ангел кој му помага на еден обичен, погоден од кризата бизнисмен, покажувајќи му каков би му бил животот, доколку тој никогаш не постоел
6. Сам дома – дали некогаш сте се прашувале што би направиле доколку ограбувачи влезат во вашата куќа додека сте сами? Или што ако вашето семејство заборави да ве земе на празничниот одмор? Оваа интересна комедија од 1990 година ги има одговорите на овие прашања, претставени на најкреативниот начин, кој ве враќа назад во детството и ве потсетува на вредноста на семејството за време на празниците.
7. Џоекс Ноел – овој филм е за легендарна божиќна ноќ помеѓу франсуските, германските и шкотските војници за време на првата светска војна. Навистина инзвонредна приказна.
8. Национален сатирички „Божиќен одмор“ – ако имате роднини за Божиќ кај вас, пуштете го овој филм. Никогаш нема да бидете поблагодарни за вашето дисфункционално семејството, откако ќе ги изгледате Грисволдс во оваа забавна комедија.
9. Љубов во вистинско време – филм што објаснува дека љубовта има различно значење за различни нешта.
10. Како Гринч го украде Божиќ – приказна за намќорест саможивец кој планира да го украде божиќ од жителите на Холвил. Треба да го гледате ако сеуште не го осеќате баш божиќниот дух.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: