Со 207 сантиметри, 17 годишната бразилката Елисани да Круз Силва е највисоката тинејџерка на светот. Елисани има еден вид на гигантизам заради тумор на хипофизата која го регулира растот. Туморот неодамна конечно и беше отстранет.
Бразилката и покрај оваа мана се труди да живее нормално. Сепак не била доволно силна да ги издржи честите дофрлувања и навреди од соучениците и токму од таа причина го напуштила училиштето.
Во однос на љубовта таа нема проблеми. Иако нејзиното момче е високо само 164 сантиметри, вели дека се среќни заедно. Тој во неа видел убавина, добра душа, карактер и воопшто не му биле важни висината и злобните коментари од страна. Ретко кој би можел да се носи со ваква ситуација. Меѓутоа за нивната љубов нема препреки.
Елисани им порачува на сите кои имаат некава мана да не се срамат од неа. Таа вели дека навистина е тешко кога сите те гледаат и исмејуваат, но мора да се најде начин да се продолжи понатаму. Иако и таа самата не успеала да ги надмине дофрлањата на соучениците, сепак вели дека е среќна и дека собира храброст еден ден да се врати во училишните клупи. Ја има целата поддршка од семејстото и свото момче и тоа и помага да живее полесно.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: