Сите играат на картата недостижност. Мажите и жените мислат дека оваа тактика е најдобриот начин да го добијат она што го сакаат, а сите го посакуваат она што неможат да го имаат, нели?
Сега и науката докажа дека ова е вистинскиот начин за да добиете нешто што го посакувате. Серија од четири студии, кои беа објавени во „Европски дневник на личноста“, изнесоа дека мажите и жените се привлечени од потенцијалните партнери кои глумат недостижни.
Всушност, оваа студија дури докажа и дека глумењето недостижни може да ви помогне да привлечете партнер со високи квалитети и максимум потенцијал за долгорочно обврзување.
Исто така оваа тактика функционира подобро ако двете страни, машкото и женското се малку резервирани.
Жените имаат корист од оваа стратегија, бидејќи таа им овозможува да ги тестираат мажите, а мажите пак имаат корист од истата со поставување на минимум достапност, односно да бидат ниту лесни, ниту тешки за освојување, бидејќи ова е тоа што ги привлекува жените најмногу.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.






