Лејди Гага: Снимам филм за себе

Лејди Гага на својот Твитер профил откри дека фотографот Тери Ричардсон ќе и сними документарец.

„Среќен Божиќ мали чудовишта“, им твиташе таа на фановите. „Тери Ричардсон ми снима документарец за мојот живот, создавањето на ARTPOP, но и за вас“.

 

ARTPOP е новиот албум на Лејди Гага кој се очекува, но таа сеуште не го открива датумот кога албумот ќе излезе.

 

Пејачката му се заблагодарува на Ричардсон, чива фотографија понекогаш предизвикува контроверзии поради експлитна содржина. „Те сакам Тери, фала ти што веруваше во мене и моите фанови, долго се огледувам на тебе и твојата работа, ова ќе биде остварување на сон“, твиташе ѕвездата.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: