Кога шефот ќе реши да ве отпушти тој несомнено ќе најде причина. Нешто најбанално може да му послужи како оправдување за да ви врачи отказно ршение.
Еве некои од тие чудни причини кои ги оставиле луѓето во светот без работа.
1.„Испуштање ветрови“
Службеник во социјално осигурување бил избркан од работа, не добил препораки, добил укор од цели 5 страници само затоа што испуштил гасови на работното место.
2.Мирис на цигари
Една рецепционерка во Америка била избркана од работа затоа што на шефот му мирисала на цигари. Иако таа никогаш не пушела на работно место, сепак останала без него.
3.Непушач
Сопственикот на една германска продавница за компјутери избркал три работнички затоа што истите не пушеле цигари. Според него тие го нарушувале мирот затоа што барале во кантината да се оддели простор за непушачи.
4.Убавина
Помошничката на еден стоматолог во Америка останала без работа затоа што според него со нејзината претерана убавина му го загрозувала бракот.
Исто така била избркана и продавачка во една пекарница во Германија, затоа што девојката на шефот сметала дека таа е пресекси и го привлекува нејзиното момче.
5.Преголеми гради
Германска фирма за продажба на недвижности и врачила отказ на една вработена зашто градите и биле многу големи и изгледала „невкусно“ во едно такво сериозно опкружување.
6.Прегазување на „Снешко“
Возач на камион бил извркан од работа затоа што возејќи го камионот турнал еден „Снешко“ направен на средината на патот. Според шефот на компанијата, тој не бил совесен возач.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: