Руска компанија поднела барање за регистрација на името „Опа Гангам стајл“ како заштитен знак за пијалаци, од вотка, сокови до разни коктели. Меѓутоа уште во август јужнокорејската фирма „YG Entertainment Inc“ го заштити називот „Гангам стајл“, а било каква дозвола за користење на името може да даде само Псај, изведувачот на овој огромен хит. Со оглед на тоа дека овој назив е заштитен секое негово користење од други фирми се смета за кривично дело и кршење на авторски права.
„Роспатент“, руската агенција за патентирање смета дека користењето на името „Гангам стајл“ не е решено и според тоа не би бил никаков проблем за руската компанија да го искористи за именување на своите пијалаци.
Правничката Ирина Тулубиева упатува на тоа дека таквото именување е нелегално, но истиот назив ќе може да се искористи во Русија само доколку Псај даде согласност за тоа.
Сепак и покрај милијардата прегледи на „Гангам стајл“ на јутјуб, Русите не гарантираат дека и нивните пијалаци ќе ја достигнат популарноста на хитот на Псај.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24
Пронајдете не на следниве мрежи: