И покрај најавите дека работата е завршена, сепак, легендарниот напаѓач на екипата на Арсенал, французинот Тиери Анри, во јануарскиот преоден-трансфер период нема да се врати во Лондон.
Иако се очекуваше да Тиери Анри по трет пат во својата кариера да го облече дресот на својот омилен клуб, тоа сепак нема да се случи.
Тоа го потврди и Арсен Венгер кој сепак признава дека пред две недели сериозно размислувал околу тоа да го повика Анри назад во Арсенал.
„Мислам дека новата позајмица не би била добра за Тиери. Подобро да се одмори, опушти и да се спрема за новата сезона во американското првенство“ изјави Венгер.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: