Бенитез го стави Виља на списокот желби

Англиските медиуми шпекулираат дека Рафа Бенитез дал предлог на управата на клубот да во јануари го доведат Давид Виља и така да се реши дилемата во напаѓачката линија.

Актуелниот шампион на Европа не ја крие својата намера да во јануари доведе засилување во нападот кој ќе направи позитивна конкуренција и ќе го извлече максимумот од Фернандо Торес.

Како што пренесуваат англиските медиуми, Челзи своето внимание го свртел кон доведување на играчот на Барселона, Давид Виља.

Се шпекулира дека 31-годишниот напаѓач има желба да се пресели во Челзи каде ќе игра со соиграчот од шпанската репрезентација, Фернандо Торес и шпанскиот тренер Рафа Бенитез.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: