Мухамед Сисоко е се поблиску до реализирање на трансфер во екипата на Милан, тврдат блиски извори на Париз Сент Жермен.
Карло Анчелоти не го пушта Хавиер Пасторе, иако често го критикува аргентинецот.
Италијанскиот тренер смета дека „Ел Флако“ може да биде важен фактор на пролет, а во клубот немаат расположение да се откажат од фудбалерот за кого платија близу 50 милиони евра.
Сепак, Милан се сврте кон Мухамед Сисоко, фудбалерот од Мали не е стандарден, веќе играше во Серија А за екипата на Јувентус, а би претставувал одлична замена за Нејџел Де Јонг.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: