Поранешниот светски тениски рекет број еден, Роџер Федерер доби признание за „најдобар спортист на сите времиња“ по анкетата која ја спроведе италијанскиот весник „Газета Дело Спорт“.
Федерер освои 14,8% од гласовите, додека пак аргентинскиот фудбалски интернационалец од редовите на Барселона, Лионел Меси, освои 12,8 проценти од гласовите при спроведената анкета.
На третото место се најде бразилецот Пеле со 12,2% од гласовите. Четвртото место го освои Марадона со 10,8% од гласовите.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: