Дневен хороскоп – 27.12.2012

 

Дневен хороскоп за 27.12.2012 – четврток.

 

Овен
Врската во која се наоѓате е навистина романтична. Одлично се чувствувате и настојувате да не барате грешки кај партнерот. Доколку повторно се обидете, списокот ќе се зголеми уште повеќе. Но, бидејќи личноста прави се да ве фасцинира, тотално ќе и подлегнете.

Бик
Реагирате на секоја постапка на околината што не ви одговара. Тоа посебно се однесува на пријателите. Им наоѓате мани и им го вртите грбот. Бидејќи за многу работи сте сами виновни, обидете се да се вразумите и да го спасите она што може да се спаси.

Близнаци
Во фаза сте на очекување успех. Бидејќи вложивте максимум енергија, нормално дека успехот нема да изостане. Искористете ја моќта на концентрацијата и филозофскиот начин на размислување за работата со која се занимавате. Спојте го убавото со корисното.

Рак
Сите ваши размислувања се неповрзани и збркани. Бидејќи се можни ненадејни блесоци на корисни идеи што ќе ви ја олеснат моменталната ситуација, размислувањата за тоа ќе ви помогнат да го поправите расположението. Морате да се прилагодите на другите.

Лав
Не сте свесни колку сте среќни. Може да се рече дека имате повеќе среќа отколку памет. Овие денови се ви поаѓа од рака, обидете се на некои ограничувања да гледате како на нешто сосема природно. Доколку се чувствувате нереализирано, знајте дека за тоа сте сами виновни.

Девица
Се обидувате да функционирате сами, но не ви оди. Само со работа во тим обезбедувате резултати. Тоа тешко ви паѓа, бидејќи на сите им наоѓате мана. Дали сте вие идеални или, пак, само така ви се чини? Осетливи сте на брачно-партнерските односи. 

Терезија
Од партнерот очекувате повеќе отколку што се неговите можности. Бидејќи очигледно не знаете што сакате, измислувате кавги кога не е време за тоа. На моменти ви поаѓа од рака да покажете чувства, но набргу потоа ниту една работа не ви поаѓа од рака.

Скорпија
Штом нешто не се одвива по план, бегате во фантазиите. Си живеете во свој свет на еротски илузии што успевате и да ги реализирате на моменти. Врската во која се наоѓате не е онаа вистинската. Тоа сознание е болно, но корисно. Барем знаете на што сте.

Стрелец
Преокупирани сте со убави нешта. Љубовта вам ви делува стимулативно, па се фрливте на уметност и на уживање. Иако сте пребирливи на тој план, успевате да го осмислите секој момент. Избегнувајте авантури, бидејќи лесно може да бидете фатени во стапица.

Јарец
Имате повеќе среќа отколку памет. Опасностите ги поминавте, па можете да земете здив. Преокупирани сте со работа и со завршување на обврските, немате време за семејството и за саканата личност така како што тоа обично го правите.

Водолија
Поради нагласениот песимизам, однапред се обидувате да се откажете од нешто. Можни се конфликти со партнерот и проблеми со пријателите. Нормално, само другите во такви ситуации се виновни. Доколку се чувствувате тромаво, не е ни чудо – во организмот се собираат течности.

Риби
Штом нешто ќе преземете, веднаш се појавуваат пречки. Постојат и внатрешни саботажи за кои ни самите не сте свесни, а токму тие најмногу го кочат реализирањето на идеите. Деловната страна некако може да се контролира, но емотивната- никако.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: