Се започна со Саманта Џонс (Сексот и Градот): концептот- жените да се однесуваат како мажи во врските или сексуалните односи.
Таа имаше несериозен секс без чувства и се сакасе себеси повеќе од било кој маж (или жена). Иако Сексот и Градот заврши уште пред неколку години, жените сеуште го имитираат однесувањето на ликовите од серијата, особено девојќите на колеџ: „Не ме интересира дали ќе ми врати порака“, „Јас го искористив него, не тој мене“, „Ова беше само секс, тој не ми се допаѓа воопшто“.
Можеби во некои случаи овие коментари се вистинити: сите ние сме излегле со тип за кој што ни е срам да им кажеме на нашите пријатели, или во пијана состојба сме бакнале некого за кого навистина немаме чувства. Но, како што вели Кери Бредшо, дали жените можат да се однесуваат како мажи во врските, или само се залажуваат.
Еволутивен факт е, дека жените повеќе инвестираат во меѓусебните односи, отколку мажите. Секој основен час по психологија може да ви го каже тоа. Мажите премногу знаат да се фалат на своите пријатели дека имале секс со пвеќе партнерки и жените се најчесто презирани или судени поради тоа.
Но, повеќе не се претпоставува дека жените во сексуалните односи имаат повеќе чувства од мажите, а се повеќе и повеќе жени го носат својот „недостаток на чувства“ како беџ на чест.
Не би требало да се судат девојките поради ова нивно однесување, можеби и вие сте еда од нив. Но, колку и некогаш да се преправаме дека ништо од ова не не допира, никој сепак не сака да се чувствува како уште еден зарез на појасот на мажите.
Не е ни паметно сите да се однесуваме како Шарлот и да се однесуваме кон секој маж како да е наш иден сопруг, но не треба ни да глумиме дека сме Саманта за да изгледаме кул и безгрижно. Кери е премногу замислена, Миранда премногу арогантна… ајде да го откачиме Сексот и Градот и да бидеме она што сме.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: