Сакале или не, жените за време на сексот размислуваат за овие единаесет работи. Ова особено е изразено кога се работи за нов партнер и почетокот на сексуалниот однос. Од друга страна пак, мажите апсолутно не се оптоваруваат со истите.
1.„Бапски гаќи“
И доколку и носите, мажите тоа не ги интересира. Секако ќе ги соблечат.
2.Кој има презерватив?
Не е вистина дека мажот сешто ќе помисли ако жената има презерватив со себе. Без оглед на тоа дали мажот има или не, секој кој е сексуално активен има право со себе да носи заштита и добро е доколку личноста со која стапувате во интимен однос е одговорна за тоа. Правилото дека тоа е негова работа, не е правило.
3.Прв или петти состанок
За разлика од жените, на мажите не им е важно дали сте имале секс на првиот или на петтиот состанок. Исто така тие немаат одреден број на состаноци кои мора да поминат пред сексот. Се е релативно.
4.Ќе му биде ли тоа најдобриот секс во животот?
Никој не сака лош секс, но кога прв пат спиете со некого нормално е ако тоа не е сексот од вашиот живот. Престанете да се грижите за такви работи. Едноставно уживајте.
5.Ако го удрите со лакотот додека ја соблекувате маицата
Нема потреба да се извинувате десет минути поради тоа и на тој начин да ја избегнете „темата“. Насмевнете се и продолжете со акцијата.
6.Дали се издепилирав?
Бидете сигурни – мажот нема да забележи ако имате некое влакно плус.
7.Каква е атмосферата во собата
Тој нема да забележи дали во собата се запалени романтични свеќи и дали свири секоја посебна секси музика. Тој е фокусиран исклучително на партнерката. И таа би требало да биде фокусирана на него.
8.„Пуш-ап“, да или не?
Не треба да се грижите за тоа дали можеби ќе помисли дека е измамен. Таквите ситници во тој момент не ми паѓаат на ум.
9.Колку пози треба да смените?
Сексот не е нешто во што треба да се докажувате по секоја цена, во него треба двајцата да уживате. Што и да ви падне на памет, тоа направете го. Не е целта да се изморите, ниту да го сфатите сексот како тренинг. Од друга страна доколку сте во сериозна врска имате време за експериментирање.
10.Дали сексот ќе трае цела вечер?
Кој и да ви кажал дека гледал на часовник и така знаел дека сексот траел цела ноќ – ве лажел. Тоа се случува или не, целта е оргазам, а не потрошено време.
11.Дали ви е потребен лубрикант?
Не треба да ви бид енепријатно ако за попријатен однос ви е потребен лубрикант. Тоа нема да ја намали вашата страственост и сексуалнот. А тој нема да помисли ништо лошо.