11 скриени навики на луѓето со депресија

Постои голема разлика помеѓу клиничката депресија и нормалната тага. Тагата е како еклипса, додека депресијата е како постојана ноќ. Депресијата е болест која, за жал, почнува да зазема пропорција на епидемија. Доволно голема за луѓето со депресија да престанат да се чувствуваат како да се сами.

 

 

Но, секој човек со депресија се чувствува така. Тие имаат постојано чувство на безвредност и голема тага, и покрај тоа што животот им е добар. Најлесниот начин за справување е барање професионална помош, односно терапија. Оваа листа ќе ви помогне да препознаете дали и вие, или некој што го знаете, можеби страда од депресија.

1. Наоѓаат неочекувани начини да кажат како се чувствуваат

Луѓето со депресија се креативни. Иако не можат да ја искажат својата тага преку зборови, тие ќе најдат начин да ги изразат своите емоции преку некоја уметност. На пример Силвија Плат – жена во депресија, но одлична поетеса. Можеби не се многу добри со искажување на своите емоции, но секогаш се одлични со некоја уметност.

2. Животот им е постојана битка против несаканото

Не можат да ги сопрат мислите за самоубиство и смрт, ниту пак сакаат да ги имаат. Нивниот живот е постојана битка со себе.

3. Нивните ѕидови се повисоки од вообичаено

Тие се чуваат од секого, особено ако тоа е нешто што го сакаат. Страв им е да не ги изгубат луѓето што ги сакаат, а истовремено се губат во нив.

4. Во сè гледаат со сомнеж

Единствената константа во нивниот живот е нивниот сомнеж. Никогаш не се сигурни и тешко донесуваат одлуки. Ова им предизвикува анксиозност.

5. Криењето им е омилена игра

Навистина добро ја совладале социјалната камуфлажа. Тие избегнуваат катастрофа носејќи непробојни маски, фасади од насмевки и среќа. Може со години да не знаете дека некој страда од депресија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.