11 заблуди за сончањето на кои треба да заборавите

Сезоната на одмори е во полн ек и сите се обидуваат да „украдат“ малку време на сонце и плажа. А на плажа, сончањето е неизбежно. Веќе сите знаеме дека заштитната крема за сонце е задолжителна, но има и други нешта на кои треба да обрнете внимание.
Постојат многу митови за сончањето кои всушност можат многу да ви наштетат. За да се заштитите од изгореници и од сите несакани последици од сончањето, престанете да верувате во овие заблуди.
Капење со маица
Многумина мислат дека капењето со маица ќе ги заштити од сонцето. Но, влажната маица овозможува подобро продирање на штетните УВ зраци од сувата. Поради ова, ризикот од изгореници станува поголем. Затоа најдобро е да се капите со костим за капење и никако да не ја изоставете заштитната крема. Истовремено, избегнувајте да се капите помеѓу 11 и 15 часот.
Кога е облачно не можете да изгорите


Знаевте ли дека 80% од сончевите зраци можат да продрат низ облаците? Па кога е облачно, не само што можете да изгорите, туку можете да добиете и тешки изгореници. Проблемот е што кога е облачно, температурата е малку пониска а понекогаш има и ветар, па нема ни да почувствувате дека сте изгореле пред да биде предоцна.
Доколку веќе имате тен, не можете да изгорите
Сите можат да изгорат, дури и оние со природно темна кожа. Неретко луѓето мислат дека штом веќе фатиле малку боја, таа е како заштита од сонцето. Но според експертите, вакво нешто не постои. Доколку ја „подготвувате“ кожата за сончање во солариум, само си нанесувате дополнителна штета.
Контактните леќи ги штитат очите
Дури и ако вашите леќи имаат УВ филтер, кожата околу очите не е заштитена. Не заборавајте да нанесете заштитна крема на целото лице и секогаш носете очила. Очилата не мораат да бидат скапи или многу темни. Најдобро е да побарате некои со CE стандард или ознака UV 400.
Капите и шеширите се одлична заштита
Само затоа што носите шешир, не значи дека вашата глава е заштитена. Доколку шеширот е сламен и ги пропушта сончевите зраци, тогаш не ви нуди никаква заштита. Кога одбирате капа или шешир за плажа, осигурете се дека не ги пропуштаат сончевите зраци.
Не можете да изгорите под сенка
Ова е една од најчестите заблуди. Можеби сте скриени од сонцето, но УВ зраците се одбиваат од околните површини и можат да предизвикаат штета.

Нема потреба да нанесувате водоотпорна крема повеќе пати
Водоотпорните креми траат во вода околу 40 минути, и тоа ако не сте многу активни. Но штом ќе излезете од вода, можете да ја отстраните кремата со крпата. Без разлика дали вашата крема е водоотпорна или не, нанесувајте ја после секое излегување од водата.
Потемнетата кожа е знак за добро здравје
Тенот што го добивате при сончање е всушност обид на кожата да се заштити од сонцето. Доколку, пак, забележите црвенило, дури и ако не ве боли, тоа е знак дека ДНК-та во кожните клетки почнала да се оштетува.


Шминката со фактор е доволна заштита
Во лето навистина популарни се пудрите со заштитен фактор, но важно е да знаете дека тие не штитат доволно. За да добиете барем мала заштита, ќе треба да нанесете многу слоеви од пудрата, нешто што сигурно нема да изгледа добро. Не можете да ги замените кремите со пудра со фактор.
Кремите за после сончање ја поправаат штетата од изгорениците
Кремите за после сончање можеби ќе ги ублажат симптомите, но нема да ги излекуваат вашите изгореници. Доколку сте изгореле, набавете посебна крема за тоа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.