11 совети за слабеење за мрзливите

Колку пати си кажувате дека ќе почнете со диета од следниот понеделник или пред некој важен настан? Сепак на крај се откажувате бидејќи не сте подготвени да вложите многу труд. Но нема потреба да правите големи чекори за да ја постигнете посакуваната тежина, можете да го направите тоа поставувајќи си навистина мали цели. Погледнете како да се ослободите од вишокот килограми, дури и ако сте мрзливи.
1. Незабележителна активност
Главното правило за слабеење е едноставно – треба да согорите повеќе калории отколку што внесувате. Физичките вежби се од голема помош, но на повеќето луѓе често им е проблем да ги изведуваат. Затоа, бидете активни во текот на денот и помеѓу секојдневните обврски. Доколку гледате некоја серија, направете неколку склекови или чучнувања. Кога ги миете забите направете неколку исчекорувања. Фитнес тренерите советуваат да бидете активни по секој оброк. На овој начин се подобрува дигестивниот процес и се согоруваат повеќе калории. Немојте да седнувате веднаш по ручек и не легнувајте си веднаш по вечерата. Прошетајте 10-тина минути, а после половина час можете да направите и неколку вежби.
2. Не заборавајте на умами
Разликуваме 5 различни видови вкус – слатко, кисело, горчливо, солено и умами. Умами е вкусот што можете да го почувствувате кај соја сосот, брокулите, печурките и оревите. Се смета дека тој има одредено влијание врз нашиот мозок и први побрзо да се чувствуваме сити. Можете да додадете малку соја сос во вашиот оброк, но бидете внимателни – соја сосот содржи многу сол, па немојте да претерувате.


3. Додајте зачини
Зачините имаат позитивно влијание на нашиот метаболизам. Циметот, куркумата, пиперот и ѓумбирот се најпопуларни. Ако го намалите количеството сол што го внесувате и додадете неколку зачини, можете да го забрзате вашиот метаболизам. Покрај тоа, зачините имаат и други корисни својства:
Циметот го намалува шеќерот во крвта.
Ѓумбирот ја подобрува кожата и има добро влијание врз дигестијата.
Пиперот ја подобрува работата на крвните садови и го спречува задржувањето на вода.
Куркумата ги намалува воспаленијата и ја подобрува работата на мочниот меур.
4. Пијте студена вода
Се верува дека вкусот на водата зависи од нејзината температура. Можеби поради ова повеќето луѓе ја сакаат водата со мраз. Доколку немате никакви проблеми, секогаш пијте студена вода. На овој начин телото ќе согорува повеќе калории бидејќи ќе се обидува да ја загрее за подобра апсорпција. Можеби оваа активност не прави голема разлика (губите околу 8-15 калории со пиење чаша вода), но колку-толку помага.


5. Кратки прошетки
Не е толку тешко да се движите повеќе. Паркирајте го автомобил малку подалеку од работното место или прошетајте после ручекот. Овие активности согоруваат калории и ја подобруваат работата на крвните садови. Овие навики нека ви станат рутина и ќе забележите дека ќе се чувствувате подобро.
6. Излажете ги очите
Еден од најефикасните начини да ослабите е да ја намалите големината на порциите. Навистина лесно можете да ги излажете вашите очи и стомак. Големите парчиња сечете ги на помали, а храната служете ја во помали чинии. Тогаш ќе ви изгледа како да е повеќе.
7. Намалете го бројот на калории со јаболка
Јаболката, особено киселите, го стимулираат лачењето на желудочна киселина и го зголемуваат апетитот. Но, доколку изедете јаболко 15 минути пред оброкот, количеството калории што сте ги примиле во текот на денот ќе се намали за 150 до 200. Некои нутриционисти сметаат дека причината е што стомакот е делумно полн, а други сметаат дека е поради високото количество хранливи влакна што го забрзуваат метаболизмот.
8. Отстранете ја храната што можете лесно да ја заборавите
Многу луѓе почнуваат со диета, но набрзо потоа се откажуваат. Поради ова е важно да почнете со мали чекори. Прво отстранете ја храната без која можете да живеете, но сепак ја јадете кога ви е здодевно или кога сте под стрес. Ако не можете да си го замислите животот без чоколадо, не го отстранувајте веднаш, туку постепено намалувајте го внесот.
9. Користете ги боите
Бојата има влијание врз нашиот апетит и најнепријатна е темно сината. Наводно, храната ни изгледа помалку вкусна во сини чинии и поради тоа јадеме помалку. Розовата може да го подобри мирисот на десертот, белата е неутрална, а портокаловата и жолтата можат да го зголемат апетитот.
10. Консумирајте витамини што го забрзуваат метаболизмот
Дали сте се запрашале зошто полесно се слабее во лето? Причината е витаминот Д што го забрзува метаболизмот. Доколку е облачно, можете да го внесете овој витамин со риба, путер и јајца. Исто така не заборавајте и на хромиумот кој го намалува нивото на инсулин и го намалува апетитот. Можете да го најдете во риба, морска храна, леќа и грав.
11. Користете ги мирисите
Некои мириси имаат влијание на нашиот апетит, а неколку истражувања го докажале тоа. Наводно кога луѓето мирисале нане, јаболка, банана и грејпфрут јаделе помалку. Од друга страна цветните мириси го зголемуваат апетитот. Овде спаѓаат лаванда, роза и јасмин.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.