11 причини зошто да се вљубите во есента и да ја избегнете депресијата

Иако повеќето од нас најмногу го сакаме летото, или пролета, постојат многу причини зошто можеме да се вљубиме во есента и да уживаме во неа. Многу од нас чуствуваат блага депресија и немотивираност, што поради многуте обврски кои не дочекале во септември, што поради лошите временски прилики. Сепак, немојте да дозволите дождот да ве депремира дополнително, туку уживајте во есента која навистина е волшебна.1.Боите се прекрасни
Боите на есента се прекрасни, додека набљудуваме како природата го менува својот изглед и бите се во топли, златни нијанси. Тоа е вистинско време да се обидете да ја ускладите својата шминка со боите на есента и зимата.
2.Волна за ладните денови
Кога ќе пристигнат ладните денови, потребни ни се разни модни додатоци, како што се капи, марами, шалови, ракавици, чадори… Тоа се предмети  со чиј дезен не може да се игра. Одберете весели, шарени бои, и освежете го својот изглед. Волнени капи, ракавици и останати додатоци од волна пружаат неверојатна можност за боење на вашиот свет.
3.Јаболки
Есента е време на јаболките, од кои има повеќе од 80 видови. Нив можете да ги јадете за ужина, а можете да правите и разни колачи, компоти и слично.
4. Повторно џемпери
Има нешто прекрасно во тоа кога ќе се замотате во топол мек, за еден број поголем џемпер. Тоа е прекрасно чувство, поготово по долгото и спарно лето.

5.Нокти
Есента пружа многу можности и кога  се работи за ноктите, поточно за лакот за нокти. Колку само варијанти постојат! Боја на бургундец, портокалови, виолетови, сиви тонови…
6.Топли напитоци
Есента е вистинско време за топли напитоци. Нема ништо поубаво кога по напорниот ден да уживате во удобна софа со шолја чај од јаболки и цимет, кафе или топло чоколадо.
7. Рачни изработки
Есента е време кога можете да се посветите на ново хоби.

 
8. Зближување со партнерот
Штом залади, ете прилика заедно да се пикнете со партнерот под ќебе! Исто така, на есен се појавуваат нови епизоди од вашите омилени серии, што е причина повеќе да уживате во прегратките на партнерот.
9. Тиква
Го обожавате ли мирисот на тиква кој се шири насекаде?  Подгответе пита од тиква со цимет и уживајте во мирисот кој ќе ја исполни целата куќа.
10. Шминка
Есента е идеално време да носите златна сенка, која на сите им стои добро. Исто така, многу дами чувствуваат дека есента е идеално време да си поиграат со кармините во потемни тонови.
11. Собни папучи
Време е да ги побарате вашите омилени собни папучи. 1.Боите се прекрасни
Боите на есента се прекрасни, додека набљудуваме како природата го менува својот изглед и бите се во

Пронајдете не на следниве мрежи: