Кошаркарскиот репрезентативец на Франција, Али Траоре, до крајот на сезоната ќе настапува во Црвена ѕвезда, пренесуваат српските медиуми.
Траоре, во Белград, ќе пристигне како слободен играч откако го раскина договорот со Локомотив Кубан, за која поради повредата оваа сезона одигра само два натпревара.
Крилниот центар во кариерата има настапувано за Асвел, Роан, Л`Авр и Рома, со француската репрезентација го освои сребрениот медал на Европското првенство во 2011 година, а беше учесник и на Олимписките игри во Лондон.
Минатата сезона во Европкупот, Траоре во просек постигнувал по 15,3 поени по натпревар.