Хејтерите избрзаа да кажат дека ова нема да потрае, но згрешија.
Џенифер Лопез и нејзиното момче Каспер Смарт ја прославија неодамна својата годишнина.
Според „Пипл“, Џенифер (43) официјално потврдила дека е во врска со танчерот Каспер (25) од есента, 2011 година. Двајцата ја почнаа врската многу брзо и сеуште се држат супер. Отпрвин врската малку ја држеа во тајност, но тие се заљубени и не се грижат кој ќе знае за тоа. Исто така, Каспер и многу брзо се зближи со децата на Џенифер, Макс и Еми од претходниот брак на Лопез со Марк Ентони.
Многумина велеа дека Лопез и Смарт не би издржале долго поради нивната 18 годишна разлика во годините. Нејзниот менаџер изјави: „Не се ни работи за годините Бени. Всушност се работи за тоа, дека штотуку излегов од врска каде на некој начин чувствував дека не го добивам она што ми е потребно“, алудирајќи на поранешниот сопруг Марк Ентони (44). „Навистина сум отворена, така што ако некој влезе во мојот живот и на некој начин допира до мене, мислам дека е солидна подлога“.
Дали Лопез и Каспер ќе останат засекогаш заедно, останува само времето да ни покаже… доколку Џенифер Лопез не го смени своето мислење уште ПРЕД времето да ни покаже.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: