Во четврток вечер, во Клуб Сцена Битола, ќе се одржи `Урбан Грув`, нов и поинаков начин на презентирање музика и креирање забава за младата популација зависна од музика и адреналин.
Станува збор за тројцата талентирани и веќе изградени музички имиња познати на нашата јавност. Роберт Билбилов – Just RB Production, Александар Мицевски – DJ Ace Mice и Дарко Манасивески – Zhele МС кои на вистинските обожаватели на Rap, R&B, Soul и Funk ќе им доловат чувство на создавање музика во живо.
Роберт Билбилов досега познат како композитор, аранжер, продуцент и изведувач овој пат пред јавноста ќе се појави како Just RB Production… и на публиката ќе им овозможи да биде дел од создавање ( продуцирање) на неговата музика со помош на современите техники и технологии кои резултираат со модерен и квалитетен звук, а придружуван од free style rap на Zhele MC и DJ Ace Mice.
Пронајдете не на следниве мрежи: